Утрински Весник
Магазин

Совети за „најтажниот понеделник“ во годината

Blue Monday

Теоријата за „тажниот син понеделник“ е поставена 2004 година од Клиф Арнал, велшки психолог кој предавал во вечерното училиште при Универзитетот во Кардиф. Самопрогласениот гуру зел предвид бројни фактори, меѓу коишто и временските услови, долговите, времето по Божиќ и мотивацијата. Формулата на Арнал гласи: [V + (D – d)] k TK / M k Na. Притоа, V означува време, D – долгови, d – месечна плата, T е за дните минати од Божиќ, K – денот кога сме се откажале од новогодишните одлуки, M е за нивото на мотивација и N е „параметарот“ за чувството дека треба да направиме нешто.

– Прво ме замолија да смислам ден кој според мене е најдобар за да резервирам летен одмор. Кога почнав да размислувам за мотивите за резервирање одмор, сеќавајќи се што ми кажаа илјадници луѓе за време на работата и предавањата, сите овие фактори укажаа дека третиот понеделник во јануари е особено депресивен, рече во една прилика д-р Дин Бурнет за „Дејли телеграф“ говорејќи за „тажниот понеделник“.

Тој сепак смета дека таа теорија е научно бесмислена и потенцијално штетна.

– Ако знаете нешто за психологијата, менталното здравје или како функционира реалниот свет, „тажниот понеделник“ нема апсолутно никаква смисла!, нагласи тој. – Сепак, долги години во медиумите се следи како да е утврден факт. Неделите по Божиќ се релативно тешки поради лошото време, финансиите се исцрпени поради празниците, нема причина за славење, сите се трудат да се придржуваат до исхраната и слично, додава д-р Бурнет

Така, првиот совет гласи: Освежете ги Вашите цели и приоритети! „Тажниот понеделник“ може да биде прилика за повторно сосредоточување на целите и приоритетите за претстојнава година. Поставувањето нови цели или преразгледување и надградба на постоечките може да даде чувство за цел и мотивација.

Натаму, направете план за физичка активност! Телото и умот се поврзани, па и редовното вежбање може да го подобри расположението. Прошетки, трчање низ парк или вежбање на справи може да помогне во ослободувањето на ендорфините – природни телесни супстанции што го намалуваат стресот.

Поврзете се со пријателите и семејството! Поддршката од околината и опкружувањето има клучна улога во борбата против лошото расположение. Денеска е совршен ден за дружење со саканите, заради попријатни чувства и поведар дух.

Работете на Вашето ментално здравје! „Тажниот понеделник“ е и потсетник за грижа за менталното здравје. Можеби е време за разговор со психолог, ако тоа е потребно.

Дозволете си да се опуштите! Не заборавајте на себе си и Вашите потреби. Опуштањето и занимациите коишто исполнуваат и носат радости – без разлика дали тоа е читање книга, гледање филм или медитација – сè тоа е многу препорачливо и пожелно.

Поставете си „дневни цели за среќа“! Наместо да се сосредоточите на еден ден, последниот совет гласи: размислете за поставување дневни цели, за посреќни денови преку цела година. Ова помага да се одржи потребниот позитивен дух.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста