Утрински Весник
Македонија

Состојбата на повредените од „Пулс“ непроменета – една пациентка во тешка состојба

Puls.webp.webp

Попладнево на прес-конференцијата во Владата, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски информираше дека состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета, петмина повредени се во странство, а петмина се во Скопје.

Клековски додаде дека една пациентка е сè уште во тешка состојба.


– Мислам дека деновиве се направи проценка за позначително пресадување на кожа кај таа пациентка. Инаку, таму проблемот е инфективен и се третира на најдобар можен начин со најдобрите можни антибиотици во моментот, потенцираше Клековски.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна рано наутро на 16 март, зеде 62 жртви, а околу 200 лица се здобија со повреди и беа пренесени на лекување во болниците низ земјава и странство.

Можете да прочитате

Точи: Под притисок се откажав од истражувањето за извозот на мозочно ткиво во САД

Зејнула бара конкретни чекори од Мицкоски за правата на Турците

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање на службена тајна