Утрински Весник
Македонија

Состојба со пожарите во Македонија: 37 пожари на отворен простор, 14 активни

Img 2621.jpeg

До 19:00 часот на денешниот ден, среда, 14 август 2024 година, во Македонија се регистрирани вкупно 37 пожари на отворен простор. Од нив, 14 се сè уште активни, 5 се под контрола, а 18 се изгаснати.

Активни пожари (14):

  1. Општина Македонски Брод: Јасен – Белица (борова шума)
  2. Општина Кочани и Општина Македонска Каменица: Пресека–Цера (борова шума и папрат)
  3. Општина Ресен: Галичица се шири кон врвот Магаро и околните села
  4. Општина Долнени: Дебреште се шири кон Рилево, Зрзе и Крапа (нискостеблеста деградирана шума)
  5. Општина Кичево 1: Патеец–Козичино, проширен кон Горно Крушје (борова и букова шума)
  6. Општина Кичево 2: Зајас–Горно Строгомиште (мешана шума)
  7. Општина Маврово-Ростуше: Врбен (ела, смрека и сува трева)
  8. Општина Новаци 1: Полог–Брник, Ивени, Рапеш (ниска вегетација, деградирана шума)
  9. Општина Новаци 2: Острец (густа мешана шума)
  10. Општина Пласница: Пласница–Латово, Македонски Брод (нискостеблеста вегетација)
  11. Општина Македонски Брод 2: Грешница (мешана шума)
  12. Општина Долнени 2: Плетвар (сува трева)
  13. Општина Пробиштип: Ратковица према Пониква (мешана шума)
  14. Општина Куманово: Кучкарево (сува трева)

Под контрола (5):

  1. Општина Пехчево: Негрево (мешана шума)
  2. Општина Демир Хисар и Општина Охрид: Илинска Планина (ниска вегетација)
  3. Општина Чашка 1: Ореше и Папрадиште (мешана шума)
  4. Општина Делчево: Депонија Делчево
  5. Општина Чашка 2: Мукус, кон Дреновци, Прилеп (мешана шума)

Изгаснати (18):

  1. Општина Струмица: Баница (сува трева)
  2. Општина Тетово: Фабрика Г8 (сува трева)
  3. Општина Боговиње: Боговиње (сува трева)
  4. Општина Струга 1: Ложани (ѓубре)
  5. Општина Струга 2: Ливада (ниска вегетација)
  6. Општина Струга 3: Белица (ѓубре)
  7. Општина Берово: Владимирово (ниска вегетација)
  8. Општина Пробиштип: Миро Барага (ниска вегетација)
  9. Општина Ресен: Депонија во Ресен
  10. Општина Кочани: Градска депонија (ѓубре)
  11. Општина Валандово: Депонија (ѓубре)
  12. Општина Велес: Грнчиште (ниска вегетација)
  13. Општина Кавадарци: Депонија Мелци
  14. Општина Липково: Матејче (сува трева)
  15. Општина Липково: Никуштак (сува трева)
  16. Општина Ново Село: Бадилен (мешана шума)
  17. Општина Кисела Вода 1: Драчево (сува трева)
  18. Општина Аеродром: Горно Лисиче (ѓубре)
  19. Општина Гази Баба: Јурумлери (ѓубре)

Можете да прочитате

Тошковски: Македонија доби „Македонска интервентна пожарна” од 43 специјални транспортни возила за справување со пожарите

Хеликоптер на МВР се вклули во гаснењето на пожарот кај Блаце

Министерството за здравство бара од медиумите да не пишуваат и да не земаат изјави од повредените од Кочани кои се рехабилитираат