Утрински Весник
Македонија

Состојба на патиштата: Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози

Patista.jpg
Dik 300x250 mk

Фреквенција на сообраќај
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна не се забележани подолги задржувања за влез и излез од државата.

Задолжителна зимска опрема
Потсетуваме дека од 15 ноември 2024 година е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временските услови. Оваа обврска ќе важи до 15 март 2025 година.


Времена измена на сообраќајот
Поради реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 на автопатот А1, на делницата Демир Капија – Смоквица, од 20 февруари до 31 мај 2025 година, сообраќајот ќе биде пренасочен. Левата тунелска цевка ќе биде целосно затворена, а возилата ќе се движат двонасочно низ десната тунелска цевка.

Апел за внимателно возење
АМСМ препорачува прилагодена брзина и почитување на сообраќајната сигнализација, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Ова особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!