Утрински Весник
Свет

Соработник на Путин: Барел нафта наскоро ќе чини над 150 долари

Nafta.webp.webp

Специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји и раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев верува дека цените на нафтата ќе надминат 150 долари за барел во наредните недели поради прекини во снабдувањето поврзани со конфликтот на Блискиот Исток.

„Минатиот јуни предвидовме зголемување на цените на нафтата до 100 долари и повеќе. Сега сме на пат цените да се зголемат до 150 долари и повеќе во следните две до три недели, бидејќи прекините во снабдувањето со нафта поради конфликтот на Блискиот Исток влијаат не само на логистиката, туку и на самото производство“, рече Дмитриев во објава на социјалната мрежа X, пренесува ТАСС.


Цената на суровата нафта „Брент“ денес достигна речиси 105 долари за барел, што е пораст од повеќе од 40 проценти од почетокот на војната во Иран.

Цената на барел Брент, кој се смета за меѓународен стандард, се зголеми за 2,4 проценти и денес изнесува 105,61 долари, објави Асошиејтед Прес.

Цената на американската сурова нафта се зголеми за 1 процент на 99,68 долари за барел, што е зголемување од речиси 50 проценти од почетокот на војната.

Можете да прочитате

ЕУ има идеја како да се одблокира Ормутскиот теснец

Израел го уништил авионот на Хамнеи

Кина му одговори на Трамп