Утрински Весник
Магазин

Сопственик на култен ресторан во Њујорк му забрани влез на Џејмс Корден

Сопственик на култен ресторан во Њујорк му забрани влез на Џејмс Корден

ТВ-водителот Џејмс Корден доби забрана да доаѓа во култниот ресторан „Балтазар“ во Њујорк.

dobivaj vesti na viber

Угостителот Кит Мекнали – кој има историја на прогласување познати личности за непожелни во неговите ресторани – откри дека му забранил на водителот на „Лејт, лејт шоу“ да доаѓа поради неговиот однос кон персоналот.

71-годишникот го нарече водителот „мал кретен од човек“ и додаде дека е „најнасилниот муштерија“.

Кит и претходно тврдеше дека Џејмс се однесувал лошо и во неговиот поранешен ресторан „Луксембург“ во неколку наврати, оставајќи ги  келнерите видно потресени.

„Џејмс Корден е надарен комичар, но како човек, мал кретен. И најнасилен и најнавредлив муштерија кон вработените во „Балтазар“ од отворањето на ресторанот пред 25 години.

Тој потоа наброја повеќе примери како ги навредувал и понижувал келнерите.

Во разговор со „Пејџ сикс“ во понеделникот, Кит објасни дека не сакал јавно да го критикува комиичарот, но се решил на вакво нешто поради лојалност кон луѓето што послужуваат во рестораните насекаде.

„Нивните работни места веќе се доволно тешки. Тие не треба да трпат ваква злоупотреба од никого, особено од богатите и славните“.

„Пејџ сикс“ додава дека претставниците на Џејмс Корден не одговориле на нивното барање за коментар.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста