Утрински Весник
Спорт

Сопствениците на Манчестер Сити го купија и 13. клуб во групацијата

Сопствениците на Манчестер Сити го купија и 13. клуб во групацијата

Сопствениците на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити купија уште еден клуб ширум светот. Конгломератот на Сити сега е побогат за бразилскиот клуб Бахија, а според пишувањата на медиумите, купувањето е остварено за сума од 158 милиони фунти.

dobivaj vesti na viber

Всушност, Бахија е вториот најскап клуб што го купи оваа групација, веднаш по Манчестер Сити. Новите сопственици откупија 90% од акциите на клубот.

Во групацијата на Сити сега се наоѓаат следните клубови: Манчестер Сити, Њујорк Сити, Мелбурн Сити, Жирона, Јокохама Маринос, Монтевидео Сити, Сечуан, Ломел, Мумбаи Сити, Троа, Палермо, Боливар, и од денеска Бахија.

Можете да прочитате

Инфантино повторно ќе се кандидира за претседател на ФИФА

Скопје и Башкими попладнево го играат единствениот натпревар

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание