Јелена Ѓоковиќ во разговор на „Твитер“ застана во одбрана на својот сопруг Новак Ѓоковиќ откога повторно се појави темата за мистериозните напивки што ги зема српскиот тенисер за време на мечевите.
Снимката на која неговиот физиотерапевт Улисес Бадио му подготвува напивка на Ѓоковиќ за време на мастерсот во Париз додека неговиот тим го штити од љубопитните очи, доби над 15 милиони прегледи на „Твитер“. Ова не е првпат да има прашања за „витаминската“ напивка на тенисерот, но овој пат се вмеша и неговата сопруга.
„Прашувам зошто има потреба за толку голема тајност за содржината на напивката и дека тоа изгледа сомнително. Затоа толку луѓе го гледаа видеото“, беше запрашана Јелена откога посочи дека постои тајна агенда против Ноле.
„Не гледам ништо сонмително. Гледам луѓе што се обидуваат да останат приватни за своите работи во светот во кој сите сметаат дека имаат право да вперат камера. Да ја сакаш приватноста денеска, значи да си сомнителен. Тој ќе зборува кога ќе биде подготвен“, одговори Јелена.
Како познат поборник на алтернативната медицина, исхрана и здравје, Ѓоковиќ за време на Вимблдон оваа година беше забележан како инхалира прашок.
Fans Shocked After Video of Novak Djokovic’s Trainer Mixing Drink For Tennis Star #Novak #Djokovic pic.twitter.com/ZS691xOIVs
— wassupnow (@wassupnownews) November 8, 2022
Novak Djokovic’s wife Jelena insists his Paris drink was ‘nothing dodgy’ https://t.co/ys8txAMBVV
— Guardian news (@guardiannews) November 9, 2022