Во врска со објавената вест со наслов „Државјани на Албанија силувале, мачеле и убиле девојка во Србија, објавена е пресуда“, Новинската агенција „Макфакс“ упатува извинување и појаснување до читателите.
Авторот, ненамерно објавил работна верзија на веста, односно со буквален превод на дел од насловот кој бил објавен од српскиот сајт „Србија данас“. Потоа, истата вест, од страна на лицата задолжени за социјални медиуми, кои не ревидираат содржина, е споделена на официјалниот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Откако е увидено дека веста содржи погрешен податок, односно дека убиството се случило во Урошевац, Косово, а не во Србија и на девојка од Србија – направена е корекција.
Дека грешката поврзана со местото на извршување на злосторството е ненамерна, говори и фактот што текстот содржел точни податоци за местото на извршување на злочинот, односно, дека тоа се случило во Урошевац, Косово. Останатите детали од веста се потврдени од повеќе извори, а објавени и од медиуми од Косово и Србија.
Коригиран е насловот и тој гласи: „Свирепи убијци силувале, мачеле и убиле девојка од Урошевац, објавена е пресуда”.
Потенцираме, дека грешката со објавување на буквалниот превод е ненамерна и веднаш коригирана.
Редакција
Новинска агенција „Макфакс“