Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот се одвива во зимски услови, појава на магла на планинскиот превој Буково и крак Маврово-Маврови анови

Magla.webp.webp

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. ЈП Македонијапат информира дека сите патни правци во државата се проодни без забрани и ограничувања.

Намалена видливост поради појава на магла до 40 метри, има на планинскиот превој Буково и крак Маврово-Маврови анови 10-15 метри.

Како што соопштија од ЈП Македонија пат, со целокупната расположива механизација и работна сила се вклучени во расчистување на патиштата по обилните врнежи во западните и источните предели.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат, се подвлекува во соопштението, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Можете да прочитате

Облачно со врнежи во источните делови

Врнежи од снег со слаб интензитет на Попова Шапка, сообраќајот се одвива непречено

По убиството во Охрид, Димоски: Македонија станува небезбедно место за живот