Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот непречено во зимски услови

Kolovoz 1.webp.webp

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 80м. има на патниот правец од Жеровјане-Групчин, информира утрово АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


На магистралниот пат А1 делница Фариш – Прилеп ќе се врши санација на ударни дупки од 19.12.2024 до завршување на градежните работи.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година

Можете да прочитате

Имињата на Ацо Шопов и на Мито Хаџи Василев – Јасмин поврзани со уште една нишка

СДСМ: РЕК Битола не работи – граѓаните ја плаќаат неспособноста на ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ имаше 7 години да направи нешто за да го намали загадувањето