Утрински Весник
Балкан

Сообраќајот на граничниот премин ,,Евзони” е нормализиран

Evzoni.jpg

Сообраќајот на граничниот премин ,,Евзони” е нормализиран. Од вчера од 21:00 блокадата за влез и излез во Грција е отсранета на неодредено време.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40м. има на патниот правец од с.Гајре – Попова Шапка и од 100 – 150м. на планинскиот премин Пресека.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.

Можете да прочитате

НАТО распореди „Патриот“ системи во Турција

Србија до сега евакуирала 1800 свои граѓани од Блискиот Исток

Вучиќ: Не сме ничии марионети