Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено

Gostivar mavrovo pat.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, а коловозите се претежно суви, соопшти Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). Слаб снег провејува на Попова Шапка, но во моментов не се задржува на коловозот. Од 15 ноември 2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, која ќе трае до 15 март 2026 година.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Семејството Аслани обвинува за полициска бруталност по смртта на нивното двегодишно дете

Има загинати во возилото што падна во Радика

Тошковски: МВР со посебен план за претстојната зимска туристичка сезона во Маврово