Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот без застои, по влажни коловози

Kolovoz 1.webp.webp

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО работело под политички диктат на Заев, неговите адвокати интервенирале во предметот „Пуч“

МВР: Во Белград лишен од слобода Саит Саитов, кој прегази жена во Скопје и избега

Променливо облачно со повремен дожд