
Сообраќајна несреќа се случи попладнево на крстосницата кај трговскиот центар Веро Џамбо во Скопје, при што се оштетени две патнички возила.
Според првичните информации, во незгодата учествувале автомобил „Мини Купер“ и „Фолксваген Пасат“, кои се судриле на семафорите пред трговскиот центар. Од ударот на двете возила е причинета материјална штета.
Причините за несреќата дополнително ќе се утврдуваат.


