Утрински Весник
Македонија

Сообраќајка во Дебар: Две лица се повредени по судир на камион и автомобил

Policija Nokje.jpg
Dik 300x250 mk

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила по полноќ во Дебар.

– На 01.10.2024 во 01.40 часот во ОВР Дебар е пријавено дека на улица.„Јусуф Гравала“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Ј.Х.(18) од Дебар и патничко возило „мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ч.(38) од Дебар. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила Љ.Т.(53) од Дебар, сопатничка во товарното возило, додека возачот на патничкото возило се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Дебар, соопштија од полицијата.

Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи.

Можете да прочитате

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?

Родителите од Кочани денеска на марш повторно побараа правда за своите деца