Утрински Весник
Македонија

Сообраќајка со трактор на патот Прилеп-Битола, патниците во автомобилот тешко повредени

1708002705 Whatsapp Image 2023 01 22 At 23.22.13.jpeg

Сообраќајна незгода помеѓу автомобил и трактор се случила вчера на регионалниот пат Прилеп – Битола, пред влезот за селата Добрушево и Клепач.

Според информациите од МВР, во несреќата учествувале автомобил „фолксфаген” со охридски регистарски ознаки, управуван од С.Н.(66) од Охрид и трактор „имт” со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.Н.(41) од селото Канатларци, прилепско.

Возачот на возилото „фолксфаген“ и неговата сопатничка З.И.(44) од Прилеп се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот на тракторот со телесни повреди, констатирани во болниците во Битола и Прилеп.

Извршен е увид.

Можете да прочитате

Давкова ги видела двете бугарски знамиња и се мислела што да направи: Решив да не правам скандал

Ограбена обложувалница во скопско Влае

Средба на Муцунски со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Вал