Утрински Весник
Македонија

Сообраќајка меѓу трактор и автомобил – повредени се три лица

Prevrnuti Traktor.jpg

Сообраќајна незгода помеѓу автомобил и трактор се случила вчера на регионалниот пат Прилеп – Битола, пред влезот за селата Добрушево и Клепач.

Според информациите од МВР, во несреќата учествувале автомобил „фолксфаген” со охридски регистарски ознаки, управуван од С.Н.(66) од Охрид и трактор „имт” со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.Н.(41) од селото Канатларци, прилепско.

Возачот на возилото „фолксфаген“ и неговата сопатничка З.И.(44) од Прилеп се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот на тракторот со телесни повреди, констатирани во болниците во Битола и Прилеп.

Можете да прочитате

Казина подалеку од училиштата и без реклами за „брза заработка“ – помина новиот закон

Перински: Карпош функционира нормално, законот дозволува градоначалникот да биде заменет без временско ограничување

Алиу: „Има пациенти, кои, за жал, не се веќе меѓу нас, а биле и се на листата на чекање“