Утрински Весник
Македонија

Сообраќајка кај Мавровка – патнички автобус удри во автомобил

Сообраќајка кај Мавровка – патнички автобус удри во автомобил

Патнички автобус удри во автомобил oд марката „голф“. Ова се случи попладнево  спроти трговскиот центар „Мавровка“, а во правец кон стоковна куќа „Мост.

dobivaj vesti na viber

Се утврдува како автомобилот кој е со кумановска регистрација, се извртел, за автобусот да удри во него од страната на возачот.

Случајот е пријавен во полицијата, од каде се излезени увидни екипи. Од под хаубата на „голфот“, на асфалтот имаше истечено и течност. Додека се чекаше увидна екипа, местото не беше соодветно обележано.

Од МВР за „Макфакс“ велат дека во оваа несреќа засега нема пријавено повредени лица.

Можете да прочитате

Точи: Под притисок се откажав од истражувањето за извозот на мозочно ткиво во САД

Зејнула бара конкретни чекори од Мицкоски за правата на Турците

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање на службена тајна