Утрински Весник
Македонија

Сончево време со температура до 24 степени

Сончево време со температура до 24 степени
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Времето денес студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8, а максималната од 17 до 24 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 23 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

За време на викендот утрата ќе бидат студени, а дневната температура ќе биде во пораст, кој ќе биде позначителен во почетокот на следната седмица.

В понеделник во западните делови ќе почнат врнежи од дожд, а во вторник ќе биде и нестабилно со повремено пороен дожд и појава на грмежи и засилен ветер. Од почетокот на следната седмица ќе биде ветровито со умерен до повремено засилен јужен ветер.

Можете да прочитате

Со 2,44 промили возел пијан низ Кичево

Безживотно женско тело најдено во езерцето во паркот во Струмица

СДСМ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?