Утрински Весник
Македонија

Сончево време, попладне со врнежи од дожд

Сончево време, попладне со врнежи од дожд
Dik 300x250 mk

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има локално зголемување на облачноста проследено со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната од 16 до 26 степени, информираа од УХМР.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне облачноста повремено ќе се зголемува и во делови од котлината е можен краткотраен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 10, а максималната ќе достигне 20 степени.

Од вторник следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните од четврток ќе бидат во пораст. До вторник ќе дува засилен, а потоа умерен северен ветер.

Можете да прочитате

Германец фатен со дрога на Табановце

Дождливото време ќе потрае – 24info.mk

Родител пријавил врсничко насилство: Неговиот малолетен син бил натепан од група малолетници на автобуска постојка