Утрински Весник
Македонија

Сончево со мала облачност, попладне услови за слаб дожд

И денес натпросечно топло време со температура до 35 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, попладне претежно во северните делови ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. UV=8, информира УХМР.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Од вторник следува период на стабилно и посвежо време со пониски утрински температури, а дневните од среда ќе бидат во постепен пораст. Во вторник ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, велат од УХМР.

Можете да прочитате

Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ ќе се согласат и ќе извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо

Битиќи: Власта ја ограничува мобилноста на граѓаните со високи трошоци за зелен картон