Утрински Весник
Македонија

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност

Денеска се очекува сончево време со мала до умерена облачност, претпладне со појава на магла или ниска облачност по котлините. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Во следните два дена времето ќе биде стабилно со појава на утринска магла по котлините и со ниски минимални температури.

Од средината на неделата ќе има зголемена облачност со повремен локален дожд.

Утринските температури насекаде ќе бидат над нулата, а дневните ќе бидат без промени.

Можете да прочитате

Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која во мандатот на оваа администрација ќе оддржи стратешки дијалог со САД во Вашингтон

Убиство во Охрид: Осомничениот уапсен неколку часа по злосторството

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата