Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло време до утре попладне

Vreme 1.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сончево и топло време ќе преовладува до утре попладне, кога ќе започне да се зголемува облачноста, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Се очекува денешната минимална температура да биде во интервал од 7 до 16, а максималната да достигне од 26 до 32 степена.

Во Скопје, се очекува сончево и топло време со слаб ветер од југоисточен правец. Најавено е минималната температура да се спушти до 12, а максималната да достигне до 31 степен.

Според синоптичарите, в недела ќе има поголема промена на времето со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Се најавува да дува засилен северен ветер, што ќе продолжи и в понеделник, кога се очекува да предизвика значителен пад на температурата – за 8 до 10 степени.

Можете да прочитате

Магла на патните правци Дебар – Струга, Куманово – Крива Паланка и Велес – Катланово

СДСМ: ДПМНЕ пак дели тендери, фирмата на Нефи дел од колачот вреден 3 милиони евра

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника