Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло со мала до умерена облачност

Sonchevo Cve E.webp.webp

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 27 степен.

Во следните три дена под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер. Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање.

Во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат. 

Можете да прочитате

ГАК потврди прекин на струја во интензивна нега: Во просторијата имало шест новороденчиња

Пронајдена почината жена во дом во Шуто Оризари, се задушила во пожар

Уапсен старец од Свети Николе, го покажувал својот полов орган на малолетни момчиња