Утрински Весник
Македонија

Сончево и потопло со умерена облачност која попладне ќе се зголемува, локално со пороен дожд и грмежи

Сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со умерена облачност која попладне ќе се зголемува и локално ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи.

dobivaj vesti na viber

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд. Од почетокот на следната седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме, особено во вторник.

Можете да прочитате

Уапсен во Србија е возачот што ја усмрти жената во Капиштец 

Филипче удри по внатрешните противнициж, „Нема да дозволам поделби платени од ВМРО-ДПМНЕ“

Штрајк ја приземјува „Луфтханза“: Илјадници патници погодени, пилотите и кабинскиот персонал излегуваат на протест