Утрински Весник
Македонија

Сончево и многу топло со температури до 40 степени

Toplo vreme.jpg
Dik 300x250 mk

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 40 степени.


Времето во наредните денови

Во текот на новата работна седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа и 40°C

Можете да прочитате

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Шлепери почнаа да се паркираат на тротоарите во Чаир