Утрински Весник
Македонија

Сончево и многу топло , попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме

499495 Toplo Vreme Do Krajot Na Mesecot.jpg

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

dobivaj vesti na viber
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво за опасност од
високи температури. UV=9

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава
на краткотрајно невреме со град.

Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40степени.

Од утре до средината на следната седмица во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.

Можете да прочитате

Врзете ги појасите, полетуваме кон локални избори

Почнува седмото издание на филмската ревија „Златна рамка“

Пониква ги задоволува условите за лекување, 45 повредени од пожарот во „Пулс“ ја започнаа рехабилитацијата