Утрински Весник
Македонија

Сончево и многу топло, до 41 степен

Soncevo Treva.jpeg

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен. УВ-индексот ќе биде 8. 

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 41 степен.

УХМР информира дека до четврток ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со максимална температура на места и над 40 степени поради што ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури. Од денеска во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи и со услови за појава на краткотрајно невреме.

За време на викендот ќе биде нестабилно на повеќе места, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Можете да прочитате

Пожарот на Галичица останува неконтролиран и покрај целодневните напори

(Видео) Со пиштол извршен грабеж на улица „Македонија“ – снимен моментот и крадецот

Состојба со пожарите во Македонија: 37 пожари на отворен простор, 14 активни