Утрински Весник
Македонија

Сончево и многу топло

Vreme.jpg

Времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.

Во Скопје претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во вторник попладне, во текот на ноќта, а особено во среда ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни во форма на невреме, проследени со појава на грмежи и силен ветер. Потоа и во следните денови ќе има повремени локални врнежи. Температурата од среда ќе биде во позначително опаѓање.

Можете да прочитате

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело”

Се формира нова опозициска платформа против власта

Божиновска – Милер: Заедничка заложба за политики што ги ставаат децата и младите во фокусот