Утрински Весник
Македонија

Сончево и малку посвежо време, следува пораст на температурите

Zima Sonce 750x430 1.jpg

Времето денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.

Во Скопје, претежно сончево и малку посвежо. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.


Следува период на стабилно, претежно сончево и топло време со пораст на температурите

Можете да прочитате

Купена за 67.000, се продава за 10.000 евра: Општина Струга го продава луксузното „Ауди А6“

Поради магла намалена видливост на Плетвар и во околина на Крушево

Тошковски: Успешен старт на „Безбеден град”, мал број на прекршоци