Утрински Весник
Спорт

Сон потврди дека ќе игра на мундијалот

Сон потврди дека ќе игра на мундијалот

И покрај тоа што беше на операција за стабилизирање на коските во очната шуплина, ѕвездата на Тотенхем, Сон Хеунг-Мин, потврди дека ќе биде дел од репрезентацијата на Јужна Кореја на Светското првенство во Катар.

dobivaj vesti na viber

Сон доби фрактура на коските по судирот со глави на одлучувачкиот меч од Лигата на шампионите против Олимпик Марсеј и постоеше стравување дека најголемата ѕвезда на Јужна Кореја ќе го пропушти првенството.

„Едвај чекам да ја претставувам оваа прекрасна земја. Се гледаме во Катар“, напиша Сон на „Инстаграм“.

Јужна Кореја е во групата Х во Катар со Уругвај, Португалија и Гана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Son HeungMin(손흥민)🇰🇷 (@hm_son7)

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027