Утрински Весник
Македонија

Сомнеж за труење со храна – ученици од скопско училиште со стомачни болки, затворена кујната во училиштето

Skolo 620x330 1.png

Инспекциски служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, во моменов спроведуваат вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот со храна во „Димо Хаџи Димов“, по утрово добиено известување од од нив, дека поголем број на ученици имаат стомачни болки.

Со цел утврдување на изворот на евентуално труење со храна, кујната во училиштето е времено затворена.

Согласно  Националниот протокол за постапување при сомнеж за труење со храна, ќе се спроведе епидемиолошка анкета и земени ќе бидат мостри од инкриминирана храна, работни површини и прибор и машини за лабораториско тестуирање.

По спроведената контрола, јавноста ќе биде информирана за спроведените активности и изречените мерки.

Можете да прочитате

Крмов: За „Сејф сити” ќе бараме скалесто казнување

Тестирана подготвеноста на противпожарните авиони во Македонија

Агенцијата за лични податоци нема гаранции дека снимките од „Сејф Сити“ нема да се злоупотребат