Утрински Весник
Спорт

Солскјер: Им го понудив Халанд за четири милиони фунти, Јунајтед ме одбија

Солскјер: Им го понудив Халанд за четири милиони фунти, Јунајтед ме одбија

Оле Гунар Солскјер, поранешниот играч и тренер на Манчестер јунајтед, откри дека билл еден од првите кој го препознал талентот на Ерилнг Халанд.

dobivaj vesti na viber

„Им се јавива на Јунајтед околу шест месеци пред да седнам на нивната клупа, им кажав за напаѓачот што го имаме во Молде, но тие не ме слушаа. Побарав четири милиони фунти, но тие не сакаа да го ангажираат“, изјави Солскјер за англискиот таблоид „Сан“.

Останатото е историја, Халанд од Молде замина во Салцбург, а подоцна во Борусија Дортмунд. Минатото лето за 60 милиони евра се пресели во синиот дел на Манчестер.

Како играч на Манчестер сити ги урба сите рекорди во Премиер лигата. Сезонава постигна 51 гол на 47 натпревари.

Можете да прочитате

Триумф на македонските кошаркари во Даблин против Република Ирска

Без победник на дербито во Премиер лигата

Седум лица се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Вардар и ФК Шкупи