Утрински Весник
Македонија

Собранието изгласа недоверба на пет членови на Судскиот совет

Sobranie.webp.webp

Собранието изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Весна Дамева, Тања Чачарова Илиевска и Миљазим Мустафа.

Законодавниот дом констатира дека тие имале значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и придонеле за падот на довербата на граѓаните кон судството. Ја занемариле и не ја извршувале својата функција во работата на Советот, а поради изгласаната недоверба, го губат легитимитетот да учествуваат и одлучуваат во работата на Судскиот совет.


На седницата не присуствуваа пратениците од СДСМ.

Изгласувањето на интерпелациите не значи оставки за овие пет члена на Судскиот совет.

Можете да прочитате

Санкционирани 43 возачи на товарни возила во Скопје, седум за неисправни светлосни уреди

Кузеска: Мицкоски и Славески ја донесоа Алта банка – сега е под стечај и истрага, а тие притискаат две банки да ја купат

ЛДП: Владата со „нема напредок” доби шлаканица од Брисел, последиците се врз Македонија