Утрински Весник
Македонија

Собранието избра нови вицегувернери – Митреска реизбрана, Величковски ново име во тимот

Articleimage.img 2023 10 09 igor velichkovski mrtv.jpg

Собранието, на предлог на гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка. Тие ќе ја извршуваат функцијата во наредните седум години.

Ана Митреска е реизбрана на функцијата вицегувернер, откако првпат беше именувана во октомври 2018 година. Таа е магистер по монетарна економија и има повеќе од 25 години искуство во Народната банка. Во својата кариера, Митреска има значаен придонес во макроекономските анализи, изработката на среднорочни проекции и истражувачката дејност на институцијата.


Дополнително, таа активно учествува во комуникацијата со меѓународните финансиски институции и агенциите за кредитен рејтинг, а е автор и на повеќе научни и стручни трудови од областа на монетарната и фискалната политика.

Игор Величковски е избран за вицегувернер како долгогодишен експерт во областа на платните системи и финансиските пазари. Тој е доктор по монетарна економија на Универзитетот во Стафордшир во Велика Британија и има повеќе од 30 години работно искуство во Народната банка.

Пред неговото именување, Величковски ја извршуваше функцијата директор на Секторот за операции на финансиските пазари и платни системи. Неговиот професионален ангажман вклучува значајни реформи во платната инфраструктура, како и активна улога во процесот на модернизација и интеграција на финансискиот систем.

Особено се издвојува неговиот придонес во приклучувањето на земјата кон Европската област за плаќања во евра (СЕПА) во 2025 година.

Со изборот на новите вицегувернери, се обезбедува континуитет во спроведувањето на стабилна и кредибилна монетарна политика, со цел одржување на ценовната стабилност и поддршка на економскиот развој.

Можете да прочитате

ИКС: Во пресрет на изборите е потребна мобилизација за справување со странско мешање

Работна средба Минчев – Скот Хејзлет, акцент ставен на активности за отворена, транспарентна и отчетна власт

Татко и двајца синови осомничени за насилство на гробишта во Бутел