Утрински Весник
Македонија

Собранието го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

Nenad saveski2.jpg

Со 66 гласа „За“ Собранието денеска на 94. седница го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител.

„Против“ гласаа двајца пратеници додека осум беа воздржани. Пратениците од СДСМ претходно кажаа дека воопшто нема да гласаат.


Предлогот на Владата за избор на Савески за државен јавен обвинител пред пратениците го образложи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

– На Македонија очајно и е потребна правда и владеење на правото. И треба јасно отворање и процесуирање на случаи кои ќе значат подобрување на имиџот на државата и на обвинителско-правосудниот систем, истакна Николоски на собраниската седница.

Тој нагласи дека Савески е професионалец, докажан во својата работа и, како што потенцира, без ниту една дамка во својата професионална кариера.

Можете да прочитате

Перински: Развојни приоритети и нови инвестиции во фокусот на посетата на Гевгелија и Богданци

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими

Маж од Скопје ја нападнал сопругата и малолетната ќерка