Утрински Весник
Македонија

Собранието ги изгласа измените на законите за градење и градежно земјиште

Sobranie.webp.webp

Пратениците во Собранието денеска ги изгласаа измените на Законот за градење и Законот за градежно земјиште, предложени од Министерството за транспорт. Со овие законски измени се очекува поттикнување на економскиот развој на државата и на општините, подобрување на услугите за граѓаните и поефикасно управување со јавните ресурси.

Со измените на Законот за градежно земјиште, за првпат се овозможува јасен увид во целокупната линиска инфраструктура во државата, меѓу која спаѓаат оптички кабли, телекомуникациски мрежи, водоводни и канализациони системи, гасоводи и нафтоводи, објави 4news.mk Предвидено е овие инфраструктурни системи да бидат евидентирани во Катастарот на инфраструктурни градби при Агенцијата за катастар на недвижности, со што треба да се воведе поголем ред во подземната инфраструктура.


Дополнително, со законските измени им се овозможува на општините да располагаат со градежно земјиште предвидено со урбанистички план за технолошко-индустриски зони. Целта е да се поттикне локалниот економски развој и да се олесни реализацијата на инвестициските планови на домашните компании.

Воедно, извршено е и усогласување на Законот за градежно земјиште со Законот за урбанистичко планирање.

Со измените на Законот за градење, пак, се подобруваат условите за регулирање на имотно-правниот статус на базните станици на телекомуникациските компании, што треба да придонесе за поквалитетни и поефикасни телекомуникациски услуги за граѓаните.

Дополнително, се предвидува и професионализација и подигнување на нивото на квалитет на техничките прегледи на градбите од прва категорија. Според надлежните, овие измени треба да придонесат за подобра регулација во градежниот сектор и за поефикасно функционирање на инфраструктурните системи во државата.

Можете да прочитате

Пронајдена дрога кај стружанец – 24info.mk

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел

Хоџа на увид во Струга: Современ водовод, пат со пешачка патека и градење на колекторскиот систем Радожда-Калишта за Стружани