Во Франција досега се собрани 950 илјади евра во кампањата за помош организирана за поддршка на полицаецот што го уби 17-годишниот Нахел со алжирско потекло.
Собирот на средства го почна екстремниот десничар Жан Месиха на платформата GoFundMe и досега се собрани 950 илјади евра.
Жан Месиха, кој е близок до екстремно десничарскиот Ерик Земур, изјави дека кампањата за донации бргу се зголемила на лимитот од 1 милион евра и рече: „Ќе покажеме колку ја сакаме нашата полиција“.
Баба му на починатиот Нахел, Надија, рече дека собирањето средства ѝ го скршило срцето. Говорејќи за БФМТВ, Надија рече дека „има доверба во правосудниот систем, а полицаецот ќе биде казнет како и сите други“.
Според Жан Месиха, полицаецот обвинет за присилно убиство, ја извршил својата должност и сега плаќа за тоа.
„Макрон го презеде случајот на Нахел. Ние го презедовме случајот на полицијата и жандармеријата“, рече политичарот во изјава за „Си њуз“.
Оние што реагираа на поведувањето на кампањата за донации на социјалните мрежи апелираат кампањата да се повлече.
Според француските медиуми, кампањата за собирање средства за поддршка на „жолтите елеци“ обвинети за насилство во 2019 била цензурирана од владата.