Утрински Весник
Македонија

Собрани докази за Штекли: Кокаин се закопувал на државно земјиште за да се скрие, багеристи добивале закани

Rade Trajkovski Stekli 1 E1703944602503.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Собрани се сите докази за групата која ја предводел Раде Трајковски-Штекли, која според Обвинителството за гонење организиран криминал, броела 17 членови. Сите се гонат за трговија со кокаин и марихуана, која се криела и во бункери под земја, направени на државно земјиште. Досега, седум членови на групата признале вина и се спогодиле со Обвинителството, па добиле по 3-4 години затвор, од максимални пет кои можеле да им бидат изречени. Воглавно, тие кои се спогодиле биле препродавачи, фатени со мали количини. Но, додека да се стигне до дрогата, закани имало од повеќе страни. Обвинителството откри дека дрогата се продавала преку интернет, но и по ресторани. Една од локациите е Аеродром.

Биле заплашувани и багеристите од општина кои требало да го откопуваат теренот“, рекоа од ОЈО-ГОКК.


Штекли, според Обвинителството, бил уапсен по сознанијата дека се спрема за бегство. Кај него, биле направени претреси, но пред да влезе полицијата, според Обвинителството, тој отстранува сѐ што е криминално од домот. Но, видео надзорот го разоткрил.

„Кај него имаше претреси, а беа најдени само остатоци. Од видео надзорот се потврди како ги отстранува тие цели коцки, од кои две беа најдени во стан, три во специјална направа во бункерот“, додаваат од Обвинителството.

Некои од групата се бранат со молчење, други одрекуваат дека сториле нешто, а дел се спогодиле. Спогодба му била понудена и на Штекли, но тој не ја прифатил со оглед на понудената затворска казна. По прифаќање на обвинението, нему ќе му се суди во Кривичниот суд.

Можете да прочитате

ГП Евзони повторно блокиран – 24info.mk

ДУИ: Најостро го осудуваме нечовечкиот, понижувачки и дискриминаторски третман на 76 вработени во Министерството за меѓуетнички односи, сите Албанци

СДСМ го исклучува Јован Деспотовски од членство во партијата