Утрински Весник
Свет

Соборениот претседател на Нигер, првпат виден во јавноста по апсењето минатата недела

Соборениот претседател на Нигер, првпат виден во јавноста по апсењето минатата недела

Соборениот претседател на Нигер, Мохамед Базум, денеска беше виден во јавноста за првпат по апсењето поради државниот удар минатата недела.

dobivaj vesti na viber

Според „Би-Би-Си“, Базум се сретнал со лидерот на Чад, Махамат Идрис Деби Итна, во нигерската држава Ниамеј, како дел од разговорите за ставање крај на кризата.

Западноафриканските лидери и дадоа на воената хунта во Нигер рок од седум дена да да се откаже од власта или да се соочи со воена акција против неа.

Деби рече дека тој, како посредник, е фокусиран на изнаоѓање „мирно решение за кризата што го тресе Нигер“, кој се граничи со Чад.

Тој дојде во Нигер како претставник на западноафриканскиот регионален блок „ECOWAS“, кој претходно најави дека „ќе ги преземе сите неопходни мерки за воспоставување уставен поредок“ доколку не се исполнат барањата на блокот.

Од страна на Хунтата немаше никакво објаснување за состанокот, иако вети дека ќе го брани Нигер од каква било „агресија“ на регионалните или западните сили.

Во неделата демонстрантите пред француската амбасада во Ниамеј извикуваа „Да живее Русија“, „Да живее Путин“ и „Долу Франција“, по што ги запалија ѕидовите на зградата на амбасадата.

Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон објави дека Франција нема да толерира никаков напад врз нејзините интереси во Нигер и дека ќе одговори.

Можете да прочитате

Нема Нобел, тогаш заборавете на мирот: Трамп со скандалозно писмо до норвешкиот премиер

Вагоните преполовени, објавена снимка од воздух од железничката несреќа во Шпанија

Најмалку 11 луѓе загинаа во пожар во трговски центар во Пакистан