Утрински Весник
Македонија

Со закана изнудила над 1000 евра, притвор за жена од Демир Капија

Грабеж имало – но не во Скопјанка туку во Бутел

31-годишна жена од Скопје со закани успеала да изнуди над 1000 евра.

dobivaj vesti na viber

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.С.(31) од Демир Капија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ по член 258 од Кривичниот законик.

Жената се сомничи дека во повеќе наврати упатила закани кон Г.Р.(45) од Скопје и од него изнудила да ѝ исплати над 60.000 денари.

М.С. била лишена од слобода и во координација со јавен обвинител против неа е поднесена пријавата, додека од судија на претходна постапка ѝ била определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Можете да прочитате

Македонски Нетфликс: Филмовите на Мицкоски дека платите месечно  растат по 11, 12 и 13% се навреда за народот, велат од СДСМ

ВЛЕН: Европскиот фронт на ДУИ се распаѓа

Левица: Вработените без плати, Алиу без одговори – Кој ја „пере” пералната на Клинички