Утрински Весник
Македонија

Сојузот на борци од Тетово: Изјавите на Касами за етничко гласање се ретроградни и опасни

Kasami so golema albanija 1000x500 1.jpg
Dik 300x250 mk

Сојузот на борци од Народнослободителната и антифашистичка војна на Македонија (НОАВМ) и граѓаните продолжувачи од Тетово во соопштение изнесе осуда на искажаните ставови на дел од политичките партии во пресрет на вториот круг на локалните избори.

Тие сметаат дека се искажани ставови и изјави кои придонесуваат за етничка нетрпеливост и раздор, како и дека се насочени кон загрозување на територијалниот интегритет и унитарноста на државата.


-Иако сме крајно загрижени за состојбата, а поради принципиелност се воздржувавме од коментирање на политички теми во тек на изборниот процес, сметаме дека моменталниот развој на настаните бара итна реакција од сите одговорни општествени чинители. Изјавите на Билал Касами, Хаким Рамадани, Енвер Пајазити и останати во кои повикуваат на етничко обединување и гласање против Македонците, одбрана на територии и слично се ретроградни, опасни и нанесуваат непоправливи штети. Секоја педа земја е македонска и на неа право има македонската држава која е дом на сите граѓани – се вели во нивното соопштение.

Општинскиот одбор на Сојузот на борци од НОАВМ- Тетово во дописот истакнува барање – државата да биде будна и државниот врв да ги осуди ваквите изјави. Воедно со порака до граѓаните – не само да не гласаат етнички, туку да не гласаат ниту по партиски насоки, туку слободно и во интерес на јавното добро и иднината.

Можете да прочитате

42-годишник бил агресивен со полицајци: Сега ќе одговара кривично

Со пушка ловел диви животни: 60-годишник заврши зад решетки оти не го почитувал законот

Пожар во угостителски објект во Пештани, сопственикот пренесен во болница!