Утрински Весник
Македонија

Со укинувањето на пресудата апелациските судии потпишаа застарување на делата на Мијалков

Со укинувањето на пресудата апелациските судии потпишаа застарување на делата на Мијалков

Со потпишувањето на одлуката за укинување на пресудата за масовното прислушкување, апелациските судии потпишаа и застарување на делата за ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, ексначалникот на Петтата управа на МВР Горан Грујевски и за Никола Бошкоски. На сите обвинети делата им застаруваат во 2025 година, односно за нешто повеќе од две години.

dobivaj vesti na viber

„Таргет-тврдина“ доби правосилна одлука од Апелација, објавена денеска, по пет години од првото рочиште кое беше одржано на 22 декември 2017 година. Само во Кривичниот суд, предметот се судеше три години и два месеци. Потоа беше испратен по жалба на Апелација, каде судиите Јани Нича, Енвер Беџети, Ѓоко Ристов, Тања Милева, Лидија Чачева, го држеа година и 10 месеци. Нивната одлука која е објавена денеска, предметот одново да се суди, значи дека сите обвинети ќе бидат ослободени со оглед на судската пракса која покажува колку долго траеше судската постапка, а истата треба да е повторена. Според ова, невозможно е да се дочека нова правосилна пресуда за „Таргет-тврдина“ без да има застарување.

Судиите Нича, Беџети, Ристов, Милева и Чачева кои ја донеле одлуката да ја укинат пресудата, можеле да ја избегнат опасноста од застарување на делата. Во случај да констатирале било каква повреда на одредбите од законот, од најбанална до најсуштествена, можеле да ја преотворат постапката со повторен главен претрес и да кажат дали обвинетите се или не се виновни. А потоа, ќе се произнесеше Врховен суд.

„А1он“ побара објаснување зошто ова не било направено за да се избегне застарување – но одбија да одговорат.

Апелација истовремено одбива да даде конкретни одговори кои се повредите кои ги констатирале во првостепената пресуда. Оттаму, објавија само бледо соопштение, без никакви детали. Пресудата пак, нема да биде јавно објавена. Испративме и прашања за какви суштествени повреди станува збор во првостепената укината пресуда, на што добивме одговор: „Причините за донесената одлука ќе бидат образложени во писмено изработената одлука“.

Застарувањето на делата за Мијалков и останатите обвинети за прислушкувањето, значи дека државата ќе треба да плаќа оштета на сите незаконски прислушкувани. Ова е трето по ред прислушкување, кое е на пат да остане неказнето.

Можете да прочитате

Чибишев: Воздух во Скопје станува алармантен, Здравјето нема цена !

Средба на лидерот на СДСМ, Филипче со Претседателката Сиљановска-Давкова

Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати