Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Со традиционалното формирање на знамето во Прилеп започна чествувањето за 11 Октомври

20251010144810 big 730x400 29.webp.webp
Img 7972

Со впечатлива манифестација во која учествуваа околу 1.200 ученици од основните и средните училишта, Прилеп го започна одбележувањето на 11 Октомври – Денот на Народното востание. Учениците напладне го формираа македонското знаме, продолжувајќи ја традицијата започната во 2010 година. Оваа манифестација го најави почетокот на чествувањата по повод 84-годишнината од востанието, кои ќе продолжат со културни настани, свечени обраќања и комеморативни активности низ градот.

-Формирањето на знамето во пресрет на празникот е традиција од 2010 година. Секоја година учествуваат 1 200 ученици. Ова е своевиден спектакал во кој сакаат да учествуваат уште повеќе ученици. Ги опфаќаме учениците од осмо и деветто одделение од основните и од прва и од втора година од средните училишта. На сите им е чест да учествуваат во манифестацијата и затоа ќе се обидеме догодина да вклучиме повеќе ученици, објаснува Златко Думбалоски, професор по физичко и здравствено образование во ОУ „Добре Јованоски“ од Прилеп.


Со оваа манифестација почнуваат чествувањата за 11 Октомври и 84-годишнината од Народното востание.

Во чест на празникот, од 18:30 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на дела на членовите на Друштвото на ликовните уметници на Прилеп, а од 19:30 часот на камената бина на плоштадот Александрија е свечената програма. На прилепчани ќе им се обрати градоначалникот Борче Јовчески, а потоа е традиционалниот импровизиран напад со огномет, како потсетување на значајните историски настани на 11 Октомври 1941 година кога со нападот на тогашната полициска станица, Участакот, денес меморијалниот музеј „11 Октомври“, започна Народното востание кое резултираше со победата над фашизмот.

Меморијалниот музеј денеска и утре е отворен за слободен влез и посета на поставките.

Утре, на Празникот, од 9 часот ќе им биде оддадена почит на загинатите борци и дејци: пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија АНДОНОВ Ченто, пред споменикот на идеологот на Востанието, Кузман Јосифорски-Питу во центарот на градот, во Алејата на народните херои во Паркото на револиуцијата, пред споменикот Жена-борецкако и пред Могилата на непобедените каде се моштите на 650 борци од Прилеп и Прилепско кои загинаа во НОБ и Револуцијата.

Додека, во 12:30 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ утре ќе се одржи Свечена академија на која се очекува да говори премиерот Христијан Мицкоски.

Во чест на Празникот, утре во центарот на градот ќе се одржат и Саем на земјоделски производи и изложба на автомобили, а во просториите на „Црвениот крст“ и традиционална крводарителска акција.

Можете да прочитате

Алиу го разрешен директорот на Клиниката за неврологија

Мицкоски: Тројната оска СДСМ-ДУИ-Левица функционира затоа што власта им е помила од се во животот 

Филипче: Време е за промени во Брвеница со Светлана Митреска Анџелскоска