Утрински Весник
Свет

Со торбата што ја носел на работа, грчките пожарникари го испратија нивниот 24-годишен колега кој загина во возот

Со торбата што ја носел на работа, грчките пожарникари го испратија нивниот 24-годишен колега кој загина во возот

Никитас Каратеодору е погребан заедно со неговата партнерка Келис Порфириду со која заедно патувале кобната ноќ.

dobivaj vesti na viber

Болката е нема, а тагата бескрајна за роднините, пријателите и колегите на 24-годишниот пожарникар Никитас Каратеодору и 23-годишната студентка, Келис Порфириду. Двајцата млади биле пар и заедно загинале во кобната железничка несреќа во Грција.

Колегите на пожарникарот кои работат во Втората противпожарна станица во Атина допатуваа во Каламарија за да се збогуваат, а со себе ја носеа и чантата во која нивниот многу сакан колега ги оставал своите лични работи и ги чувал во шкафчето на работа.

На погребот на младиот пар, присутни беа и колегите студенти на Келис кои коментираа „децата беа заедно и во животот и во смртта“, пренесе „Прототема“.

Можете да прочитате

Трамп ја покани ЕК да биде член на Комитетот за мир во Газа

На 22 јануари вонреден самит на ЕУ

Глобалните моќници се собираат во Давос, Трамп предводи со говор и прием