Стара фотографија на која се гледаат претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова и европратеникот од Бугарија Андреј Ковачев деновива стана главна тема на полемика меѓу двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ ја објави фотографијата и прашува дали Силјановска Давкова се согласува со ставовите на Ковачев за Гоце Делчев и македонската историја.
Во одбрана на Силјановска ВМРО-ДПМНЕ тврди дека фотографијата е направена многу одамна и го обвинија актуелниот претседател на државата Пендаровски дека тој впрочем соработувал со Ковачев.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски дури и излезе пред јавноста со одредена испечатена фотографија на Андреј Ковачев.
Но она што може да се забележи е дека додека Стоилковски ја правдаше кандидатката и ја напаѓаше СДСМ, пред камерите ја покажа идентичната фотографија со Ковачев но од неа отстранета (или „кропната“) беше Силјановска Давкова.
Тврдејќи дека фотографијата е направена во 2019 година, Стоилковски ја покажа истата фотографија што ја плаираше СДСМ, но сега без Силјановска на нае,ж.