Утрински Весник
Економија

Со предлог буџетот, за 120 милиони денари е намалена поддршката за домашните компании, вели Филипче

Pretsedatelvfkom1.jpg

Во Собранието денеска започна комисиската расправа за предлог буџетот за 2025 година.

Во своето обраќање на седницата, претседателот на СДСМ, Венко Филипче изрази загриженост износот на поддршката за домашните компании за следната година е сериозно намален, а истовремено се зголемува износот за поддршка на странските компании.

„Дали знаете дека во Вашиот предлог буџет за 2025, сте доставиле дека се намалени средствата за подршка на домашни компании од 340 милиони на 220 милиони денари а средствата за странски компании сте ги покачиле. Значи оние кои вработуваат 80% од сите вработени во државата не заслужуваат поддршка, а оние кои го носат профитот надвор, тие заслужуваат поддршка? Знаете ли дека оваа политика на запоставување на домашните компании на сметка на странските донесе огромна сиромаштија и нееднаквост, вие имате мека политика кон домашните компании“ посочи Филипче.

Можете да прочитате

Јовановиќ: ЕЦБ води истрага против Алта Банка, таа банка може да ја наруши финансиската стабилност во земјата

Голем интерес за субвенции за инвертер клима-уреди – рокот за аплицирање до 5 октомври

Власта нејќе да чуе за зголемување на минамалецот, Дурмиши вели така ќе се отпуштале работници