Утрински Весник
Балкан
Img 7972

Со потерница баран Србин убиен на тајна журка во Шпанија

Img 2625.jpeg
Img 7972

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, соопшти дека Националната полиција на Шпанија потврдила до српското Министерство за внатрешни работи дека во градот Естепона е убиен српски државјанин.

„Од Националната полиција на Шпанија ни потврдија дека на 12 август во градот Естепона бил убиен српскиот државјанин С.М. (1988) од Белград. Убиството било извршено со огнено оружје, а С.М. починал на лице место. Лицето имало лажен идентитет на белгиски државјанин. Според информациите од шпанската полиција, засега нема врска меѓу овој настан и трговијата со дрога и организираниот криминал,” изјави Дачиќ.

Тој додаде дека по С.М. била распишана меѓународна потерница од Интерпол Белград, бидејќи бил член на организирана криминална група која се занимавала со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. Неговата улога во групата била да натовари кокаин на бродови, да ја надгледува дрогата при отстранување од европските пристаништа и нејзина понатамошна дистрибуција. Целата комуникација околу активностите била снимена преку апликацијата „SkyEcc“.

Можете да прочитате

Српскиот претседател ја пречека Фон дер Лајен пред Палатата Србија

Инцидент во Хрватска: Се туркале двајца тинејџери, наставнички на едниот му го спасувале животот

Турската централна банка нема да издава поголеми банкноти и покрај инфлацијата