
Ве известуваме,дека на ден 31.05.2025 година (сабота), со отпочнување во 00:00 часот,планирани се активности за изведба на главен водоводен приклучок и монтажа на игличест регулационен вентил,за која цел е изготвен план со кој се предвидува прецизна постапка со цел брзо и ефикасно завршување на ваквиот потфат.
Главна цел на овој Оперативен план е подобрување на водоснабдувањето и притисокот на водата, како и намлување на загубите на вода.
Со реализација на овој проект,ќе се подобрат хидрауличките услови во водоводната мрежа,со монтирање на игличест регулационен вентил во ново изведената мерно регулациона шахта со пропратна хидротехничка опрема,како и поврзување на постоечкиот магистрален цевковод ф 1600 мм кај Железара,со постоечкиот магистрален цевковод ф 700 мм на бул.Александар Македонски кој се напојува од градскиот магистрален цевковод ф 1600 мм,преку новопредвидениот магистрален цевковод ф 700мм,кој ќе биде поставен по должинта на новопредвидениот бул.Хрватска.Со ваквото поврзување ќе се создадат услови за формирање на циркуларен прстен за поврзување на двата маистрални цевководи во градот Скопје.
Согласно Оперативниот План за реализација на активностите,ЈП Водовод и Канализација -Скопје,превзема бројни оперативни активности за подготовка на луѓе,механизација,алат и пумпи.
Во процесот на активности,првично се направи проверка за исправноста на воздушните вентили,испусти и хидранти поставени по должина на магистралниот цевковод ф 1600 мм.
По утврдување на состојбата и констатирање на нивната исправност сектор Водовод,со тим од 8 екипи носители на работата,ќе обезбеди сигурно празнење и полнење на системот со вода.
Акцијата е предвидена на 31ви Мај односно сабота со почеток во раните утрински часови кога сите екипи на секторите ЕОК,Механизација и Водовод ќе бидат на предвидените локации.
Се очекува оваа акција да заврши за помалку од 15 часа во кои најмногу часови се одвојува за празнење и полнење на магистрален цевковод.
Со делумен прекин на водоснабдувањето ќе бидат населените места Визбегово,Бул.Босна и Херцеговина,Чаир,Топанско Поле,Автокоманда-само висока зона,Железара и Бутел 1.
Со почит,
ЈП Водовод и Канализација Скопје